• ЕРОЗИВЕН ХЕМОРАГИЧЕН ХОЛЕЦИСТИТΕ

  • ЕРОЗИВЕН ХЕМОРАГИЧЕН ХОЛЕЦИСТИТΕ

  • Различни нивоа на клеточна дисплазија кај дебелото црево

  • Значително пореметување кај келиите на епидермот

Основи на патологија

Печати

1.1 Нормални ѕидови на слепото црево. Мукоза (бела стрелка): жлезден покровен епител (стрелки) и крипти (аглести стрелки). Субмукоза (црвена стрелка: сврзно и лимфоидно ткиво, при што второто создава фоликули (криви стрелки). Мускулен слој (зелена стрелка). Субсероза (жолта стрелка). Во хематоксилин-еозинското боење, хематоксилинот е базофилен и ги бои клеточните јадра, додека еозинот е ацидофилен и ја бои клеточната цитоплазма. Зрелите мали лимфоцити имаат многу малку цитоплазма и така се базофилно – пурпурни; спротивно, мускулните клетки (зелена стрелка) имаат обилна цитоплазма така што при контракција тие се ацидофилно – розови.

Повеќе: Акутно воспаление на слепо црево (Акутен апендицитис)
 
Печати

2.1 Мукоза на жолчно ќесе. Жлезден епител (бели стрелки) и базофилна ламина проприа (виолетови стрелки) заради присуство на инфламаторни клетки со мало количество на цитоплазма.

Повеќе: Акутно воспаление на жолчното ќесе (Акутен холециститис)
 
Печати

3.1 Улкус на дванаесетпалачно црево (дуоденален улкус). Мукозен жлезден епител (бели стрелки). Ареа на епителен губиток (црни стрелки) и создавање на инфламаторно гранулациско ткиво (црвени стрелки).

Повеќе: Улцеративни лезии
 
Печати

4.1 Голема бронхиола во центарот на видното поле со нејзиниот епителен покров (бели стрелки, респираторен тип, цилиндричен епител) и мазно мускулно ткиво (зелени стрелки) околу нејзиниот ѕид. Алвеолите се исполнети со инфламаторен ексудат ( ѕвезда) наместо со воздух. Ексудат излегува од капиларите во дијафрагмите (стрелка со глава )коисе наоѓаат помеѓу алвеолите.

Повеќе: Лобуларна пневмонија – белодробен абсцес
 
Печати

АНДРЕАС Ц. ЛАЗАРИС

Неоплазија се карактеризира со неконтролиран клеточен раст кој се должи на зголемена клеточна пролиферација и/или намалена апоптоза. Ако неоплазмата расте без инвазија во нејзината строма и околните ткива, таа е со бенигна природа и болеста е локална. Ако растечката неоплазма ја инвадира нејзината строма и околните ткива добивајќи пристап до лимфните садови или крвните садови, таа добива метастатски потенцијал така што болеста е потенцијално системска, а не само локална. Кога ние ги истражуваме сите неоплазми микроскопски, ние бараме знаци за диференцијација, т.е. нивна сличност со нормалните ткива, за да може да ја дефинираме нивната хистогенеза и да ги класифицираме, бидејќи ткивата кон кои неоплазмата се диференцира е генерално идентична со ткивото од кое таа потекнува. Само кај малигните тумори, степенот на диференцијација се назначува како хистолошки степен (градус) на малигнитет. Кај бенигните тумори кои не се целосно диференцирани и кои покажуваат некој степен на клеточна атипија, ние го одредуваме нивниот степен на клеточна дисплазија. Кај бенигните тумори не се одредува стадиум, бидејќи заради нивната бенигна природа, тие не се способни да метастазираат. Наспротив, кај малигните тумори се одредува стадиумот спрема степенот на нивна дисеминација во време на нивната дијагноза.

Повеќе: Хипон слики за неоплазија