• ЕРОЗИВЕН ХЕМОРАГИЧЕН ХОЛЕЦИСТИТΕ

  • ЕРОЗИВЕН ХЕМОРАГИЧЕН ХОЛЕЦИСТИТΕ

  • Различни нивоа на клеточна дисплазија кај дебелото црево

  • Значително пореметување кај келиите на епидермот

Печати

Изгледите за пренос на професионално искуство на корелација модели на ткива и клетки со основните механизми на болеста и клинички податоци преку ИКТ-базирана средина за учење користејќи ја предноста на модерната технологија на слика е предизвик и сеуште патолозите немаат направено обид да го постигнат.

ХИПОН е дизајниран да се развива врз основа на овој мотив: да се пренесе партнерскиот увид во патологијата и нивното професионално искуство врз слушателите, така што тие ќе развијат практични вештини потребни во огромната област на модерната патологија, без ограничувања во однос на јазик, трошоци, технички вештини или податоци. Основниот концеп на кој се потпира методологијата на ХИПОН е да ги следи мешаните патеки на учење поддржани од страна на богатиот спектар на компоненти на ИКТ системот (виртуелно портфолио, е-модули, онлајн игри, хисто-книга) и масовен износ на податоци за случаеви, со цел да обезбеди практични знаења, надминувајќи го суштински светот на образованието и работата.

ХИПОН се смета за значајна платформа за мултинационални обуки и стручни активности,обезбедувајќи  флексибилност на двата инструктори за далечинско подготвување на курсеви и студентите / патолозите да може да присуствуваат на активностите на курсот пред и потоа. Се активираа 5 европски партнери, се означува придонес од трети земји и се поврзува проектот со најмалку 6 поврзани партнери. ХИПОН платформата и видовите на курсеви не се презентираа со претходна имплементација (конзорциумот на проектот направи конкретно истражување на конкуренцијата)  ниту за далечинско учење, ниту пак за обука со лабораториско физичко присуство. Експертизата од областа на хистопатологија, ИКТ, далечинско учење и софтверски решенија од 5 европски земји гарантираат ефикасна имплементација на проектот, кој зафаќа значајна европска покриеност.

Секој партнер има клучна улога во реализацијата на проектот и има голем интерес за тестирање и воведување на ХИПОН во образовниот и стручниот процес. Врз основа на стручноста и расположливата инфраструктура, конзорциумот соодветно ги расчлени задачите и  ги додели одделно задачите и одговорностите. Сепак, одредени активности (како што се промотивните активности и  тестирање студија на случај) кои укажуваат на транс-националната природа на ХИПОН се подеднакво зададени на сите. Забележано е дека ниту еден од корисниците на ХИПОН не е еднострано способен за доставување на сите аспекти на проектот, собирање релевантни студии на случај, експертиза и / или податоци и примероци. ХИПОН предвидува создавање на голема слика на банка на податоци, слободна за користење која на почетокот ќе биде на располагање на 13 институции низ целиот свет.

Во ХИПОН, за секој систем / орган на човечкото тело, главната нормална архитектура ќе биде обележана со соодветни кратки коментари; основните морфолошки модели на повреда на ткивото ќе бидат анализирани со повеќе слики. Комплементарен број на податоци кои ќе го стеснуваат изборот на диференцијалната дијагноза ќе бидат проследени, и на крај ќе биде презентирано образовно клиничко сценарио кое ќе ја илустрира корелацијата меѓу патолошките податоци, без ирелевантни клинички детали. Финалната дијагноза ќе биде апсолутно оправдана од податоците обезбедени од ХИПОН (од двете, сликовното и постепеното дидактичко размислување / процес на корелација). Ученикот не добива само серија на слики на ткива; суштината е аналитичката мисла позади сликите, односно процесот на постигнување дијагноза без при тоа да се поминат години на испитување вистински примероци.

Примарна цел на ХИПОН

•    Трансфер на медицинско искуство на дијагностички практични прашања од хистопатологија на студентите по медицина, стажантите по патологија и заинтересираните доктори, со цел да им се помогне на учениците да добијат практичен увид во теоретската позадина што традиционално ја учат, да ја препознаат основната патека на повреда и да направат корелација на општиот модел со основните механизми на болеста и клиничките податоци.

Секундарни цели на ХИПОН

•    Обезбедување иновативен ИКТ систем со комбинирање ресурси (виртуелна фото галерија и библиографија тематски поделена), речник, е-модули и мултимедијални онлајн игри (со слики, видео, говор) кои ќе го привлечат ученикот за сите студиски делови.

•    Генерирање повеќе јазичен едукативен производ во подрачјето на хистопатологијата со цел да биде искористен од страна на образовните сектори (приватни и јавни), или за далечинско учење или физичка посета на настава за студенти, дипломци, стажанти, специјализанти во извршување на стручната обука.

•    Зајакнување на европската соработка на хистопатолошката заедница преку „хисто-книга“,компонента на социјалните медиуми, каде што сите страни вклучени во хистопатолошкото истражување, учење и пракса ќе бидат способни да комуницираат преку просторно референцирана „хисто-книга“.

•    Создавање веродостојна банка на податоци на реални студии на случај (кои произлегуваат од реални болнички инциденти) со слики и материјал кој не е лесно за сите европски институти да си го дозволат.

Повеќејазичната предност на ХИПОН е основа за пан-европски образовен производ. На почеток 5 јазици (англиски, грчки, хрватски, холандски и македонски) ќе привлечат повеќе од 400 корисници, додека проширувањето на ХИПОН со други јазици, пред се преку поврзаните партнери на ХИПОН, ќе биде лесен процес да се реализира од страна на хистопатолозите. Овој пакет за учење поставен на заедничка основа за сите земји, им овозможува на студентите и стажантите, од една страна да добијат еднакви шанси за иновативни ИКТ материјали за учење, а  од друга страна, да се дружат во контекст на барање работа и вработување во која било европска земја.

шаблоны joomla