• ЕРОЗИВЕН ХЕМОРАГИЧЕН ХОЛЕЦИСТИТΕ

  • ЕРОЗИВЕН ХЕМОРАГИЧЕН ХОЛЕЦИСТИТΕ

  • Различни нивоа на клеточна дисплазија кај дебелото црево

  • Значително пореметување кај келиите на епидермот

Печати

И покрај тоа што постојат мноштво извори на информации на теориско ниво, постои недостаток на сигурна веб платформа за учење, која ќе го пренесува правилниот начин на размислување во Патологијата и начинот на организирање на клиничките патолошки наоди за да се дојде до сигурна дијагноза.

ХИПОН е наменет за да ги научи студентите по медицина, патолозите обучувачи и професионалците, на правилниот начин на пристапување кон микроскопските снимки на ткива и клетки, односно како да ја препознаат основната патека на повреда и да направат корелација на општиот модел со основните механизми на болеста и клиничките податоци. Премногу често, стажантите на патологија, погрешно го разбираат значењето на нивните микроскопски наоди и не можат да направат разлика кои се најкорисни наоди за поставување точна дијагноза, дури и по 2-3 години професионално искуство во областа; потребно е да помине многу  време и вистинска посветеност за  да го стекнат потребниот капацитет и да  станат „искусни“. Грешките што се јавуваат на почетокот на кариерата на патолозите, може да чини време, пари или влошување на здравјето на луѓето. Можноста да се пренесе ова професионално искуство преку платформа за учење/ повеќе алатки, искористувајќи ја предноста на модерената технологија на снимки е предизвикувачка задача и до сега не беше достапна за критичната маса на патолози. Нашиот мотив е да се пренесе суштината на патологијата и професионалното искуство врз слушателите, така што тие ќе ги развиваат практичните вештини кои се потребни во огромна областа на модерната патологија. Покрај тоа, заинтересираните доктори ќе добијат значително искуство преку анализа на клиничко-патолошките релации и ќе ја разберат важноста на обезбедување на соодветни клинички информации, со цел да ја одредат вистинската патолошка дијагноза и да го зголемат бенефитот за пациентите.

Во предложениот проект, за секој систем / орган на човечкото тело, главната нормална архитектура ќе биде обележана со соодветни кратки коментари; основните морфолошки модели на повреда на ткивото ќе бидат анализирани со повеќе слики. Комплементарен број на податоци кои ќе го стеснуваат изборот на диференцијалната дијагноза ќе бидат проследени, и на крај ќе биде презентирано образовно клиничко сценарио кое ја илустрира корелацијата меѓу патолошките податоци. Финалната дијагноза ќе биде поткрепена и оправдана од презентираните податоци. Текстовите ќе бидат што е можно пократки, додека описот на патолошките слики ќе ја содржат соодветна анализа; модерната визуелна технологија ќе биде најкорисна. Различни прашања во врска со дополнителни слики ќе се појавуваат на крајот на секое поглавје.Треба да биде јасно дека овој сет од алатки на базата со слики ќе биде констриуран на таков начин што ќе ги научи студентите на начинот на размислување на патологот, со цел да дојдат до финалната дијагноза; на тој начин студентот ќе стекне медицинско искуство во корелацијата на патолошки податоци  со други клиничко- лабораториски информации.

Библиотеката на слики ќе биде конструирана на таков начин  што ќе ги учи студентите како да размислуваат како патолози за да ја постават конечна дијагноза, и на тој начин се стекнуваат со медицинско искуство во корелација на патолошки податоци  со други клиничко- лабораториски информации. Затоа, ќе биде изведена конверзија на слика, се со цел да се распоредат микроскопските слики и да се овозможи брзо, со помош на веб, гледање на слики со многу висока резолуција.

Предлогот за започнување на овој проект беше структуриран пред околу 3 години од страна на научниците на конзорциумот, како резултат на секојдневните потреби во нивните образовни активности. Партнерите ја истакнаа потребата да се најде начин за финансирање на соодветна платформа и организација на курсеви, со цел да се испорача производ усвоен во нивните наставни програми способен да ги поддржи активностите на далечинско учење, кои станаа вистинска потреба во модерната ера на образование, како што и бројот на лекари кои  што присуствуваат се зголемува од година во година. П1 направи обид да се обезбеди веб платформа за обука, но потешкотиите кои се јавија во протекот го направија трансферот на микроскопките слики со висока резолуција невозможен.

Стратешка рамка на ЕУ за образование и обука има јасно поставени четири цели:Да се направи доживотното учење и мобилноста реалност, подобрување на квалитетот и ефикасноста на образованието и обуката, унапредување на еднаквоста и социјална кохезија, зголемување на креативноста и иновацијата, на сите нивоа на образование и обука. ХИПОН целосно ги исполнува сите цели на ЕУ и обезбедува чекор за понатамошно претприемништво во областа на доживотната обука.

Платформи за е-учење во медицината постојат од порано, како и неколку за хистопатологија. Сепак, не постои современа платформа специјално фокусирана за хистопатологија која комбинира виртуелно портфолио, библиотека на ресурси и студии на случај и база на податоци, заедно со модули за е-учење кои се базирани на организирана наставна програма. ХИПОН ќе биде автономен повеќе јазичен систем за е-учење што ќе овозможува практична обука за студенти и професионалци. Покрај јазиците на партнерите од проектот, планирано е лесно да се преведе на други јазици без специфичен предуслов за програмерско познавање.

Потребата за развој на платформи за е-учење беше идентификувана во рана фаза од П1 во текот на својот долг образовен процес и соработка со грчкото здружение за патологија што содржи значаен број на патолози, што укажува на недостатоци во одредени полиња во образованието и обуката на патолозите. Овие недостатоци претходно биле индицирани од страна на П1 преку постдипломски семинари на Медицинскиот факултет и грчкото здружение за патологија. П2 беше вклучен во КОЈ-класификацијата на проектот, каде што се користеа  интерактивни дигитализирани микроскопски сесии, дигитализирани слајдови и е-учење. П3 беше првиот што воведе слика на банка на податоци за студентите на патологија со компјутерски потпомогната настава,  слајдови за семинарски случаеви достапни онлајн за време на својата традиционална Салтиков меморијална средба, организирани 3 европски училишта за патологија на интерактивен пристап и дигитализирани онлајн слајдови и беше вмешан во EUROPALS проект на EAPCP за онлајн тестирање на патологија за резидентите/ младите специјалисти. П4 и П5 го обезбедија основното знаење и искуство за реализација и поддршка на развојот на ХИПОН системот на најефикасен начин, одговарајќи на потребите и целите претходно идентификувани.

шаблоны joomla