• ЕРОЗИВЕН ХЕМОРАГИЧЕН ХОЛЕЦИСТИТΕ

  • ЕРОЗИВЕН ХЕМОРАГИЧЕН ХОЛЕЦИСТИТΕ

  • Различни нивоа на клеточна дисплазија кај дебелото црево

  • Значително пореметување кај келиите на епидермот

Печати

Првиот оддел за патологија на Медицинскиот факултет од Националниот универзитет во Атина нуди клиничка дијагностика, потреби за истражување и обука во врска со целиот спектар на предметот Современа патологија и цитологија, инкорпорирање на сите нови методи и техники на молекуларната биологија, биотехнологија и биоинформатиката. Покрај тоа, го промовира развојот на современите основни и применети биомедицински истражувања.

Повеќе: Националen Кападостриан Универзитет од Атина
 
Печати

Факултет за медицина на Универзитетот во Загреб (ФМУЗ) е најстарата образовна институција за медицинска обука и истражување во Југоисточна Европа. Има долга традиција за едукација на доктори по медицина, како и во истражувачка и клиничка пракса. ФМУЗ не е само локално познат, туку е меѓународно признат како одлична тренинг и истражувачка институција. ФМУЗ учествувааше во шест FP5 проекти, седум FP6 и седум FP7 (еден како координатор).

Повеќе: Факултет за медицина на Универзитетот во Загреб
 
Печати

Нијмегенскиот медицински центар на Универзитетот Радбоунд е целосно интегрирано медицинско училиште, биомедицинска истражувачкa установа и универзитетска болница. Одделот за патологија е модерен, целосно опремен и на тој начин, еден од водечките патолошки институти во Европа каде што наставата, науката и клиничките услуги се интегрирани.

Повеќе: Медицински центар на Универзитетот Радбоунд
 
Печати

КАРДЕТ Eng. Cardet (Centre for the Advancement of Research & Development in Educational Technology) е водечка организација за е-учење во Евро-медитеранскиот регион со партнери од целиот свет. Нашата мисија е да ја поттикнеме следната генерација на образование, да промовираме истражувачка дејност, иновации и развој, преку пракса базирана на докази, врвни истражувања, и овластени лица. КАРДЕТ го обединува меѓународниот тим на ветерани со децениска глобална експертиза и посветени млади експерти во наставниот дизајн, е-учење, ИКТ, социјалното вмрежување и Веб 2.0 апликации, едукациски иновации и евалуација.

Повеќе: CARDET
 
Печати

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ)  во Скопје претставува заедница на 22 факултети, 5 научни институти и 11 придружни членки. Во моментов, на УКИМ има околу 50.000 запишани студенти од Македонија во сите циклуси на студии, како и повеќе од 700 странски студенти. Наставно-научниот кадар брои повеќе од 2300 вработени и над 300 соработници кои се вклучени во наставата, образовниот и научниот процес на факултетите. УКИМ има воспоставено долгорочна билатерална соработка со 75 странски универзитети кои учествуваат во многу голем број на меѓународни проекти. Овој универзитет го обезбедува најзначајниот дел на ИКТ експерти за македонскиот пазар на труд. (http://www.ukim.edu.mk/en_index.php )

Повеќе: Универзит „Св.Кирил и Методиј“ (УКИМ)